Övünç Kutlu
17 Јули 2018•Ажурирај: 18 Јули 2018
ЊУЈОРК (АА) - Вкупниот број на претплатници на глобалната мрежа на интернет-телевизијата „Нетфликс“ (Netflix) низ светот, надмина 130 милиони лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Нетфликс“ ги објави податоците за билансот за второто тримесечје во 2018 година, според кои приходот на компанијата се зголеми за 40,7 отсто во споредба со истиот период минатата година, и достигна до 3,91 милијарда долари. Приходот на компанијата во второто тримесечје минатата година изнесуваше околу 2,78 милијарди долари.
Нето-добивката на „Нетфликс“, за второто тримесечје минатата година изнесуваше 65,6 милиони долари, додека во второто тримесечје оваа година се зголеми на 384 милиони долари. Заработката во истиот период се зголеми од 0,15 на 1,5 долари по акција.
На крајот на второто тримесечје во оваа година, вкупниот број претплатници на „Нетфликс“ низ светот достигна 130,1 милион лица, од кои 72,7 милиони се од САД, додека 57,4 милиони од другите земји.
Но, оваа компанија на крајот на првото тримесечје во оваа година ја соопшти својата цел дека до крајот на второто тримесечје ќе достигне вкупно 131 милион претплатници. Откако вкупниот број претплатници остана под определената цел, забележан е пад на акциите на „Нетфликс“ од 14 отсто, односно намалување од 400,18 на 344,17 долари по акција.