Mohamad Misto
12 Јуни 2017•Ажурирај: 13 Јуни 2017
ДЕРА (АА) - Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад продолжуваат со жестоките воздушни и артилериски напади врз населениот централен дел на градот Дера, под контрола на опозициските сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Веќе неколку недели, силите на режимот изведуваат воздушни напади во Дера со разорни барелни бомби, а претставникот на локалната цивилна заштита Амир Ебу Зејд за АА рече дека силите на Асад од вчера во нападите ги користат уште поразорните напалм-бомби.
Средиште на најжестоките напади беше населбата Меншије во центарот на градот. Зградите се претворени во урнатини, над кои се издигнуваат густи облаци од чад.
Спасувачките екипи извлекоа десет ранети цивили од тој кварт, но нападите сѐ уште траат поради што е тешко да се зборува за точниот биланс на настраданите.
Дера е град кој го сочинуваат два региона, Дера Махата (Нов Град) на север и Дера Белед (Стар Град) на југ. Силите на Асадовиот режим го контролираат северниот дел, а опозициските сили јужниот дел на градот.