Recep Canik
24 Мај 2018•Ажурирај: 24 Мај 2018
МОГАДИШУ (АА) - Во сомалиската полуавтономна област Пунтленд, во атентат извршен од засега непознати лица, животот го загубија еден парламентарец и неговиот телохранител, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во вестите објавени во националните медиуми се наведува дека во градот Гарове во подрачјето на Пунтленд, во атентат животот го загубиле пратеникот Абдирахман Малим Дахир и неговиот телохранител.
Се вели дека по вооружениот напад, две лица избегале од местото на настанот. Медиумите известуваат дека полицијата сѐ уште не дала никакви информации во врска со настанот.
Од друга страна, терористичката организација Ал Шабаб на социјалните мрежи споделила фотографија, објавувајќи дека атентатот е извршен од нивна страна.
Од почетокот на Месецот на постот досега, во Сомалија 12 лица ги загубија своите животи во атентат.