Tufan Aktaş
15 Август 2017•Ажурирај: 15 Август 2017
АДИС АБЕБА (АА) - Претседателот на Комисијата на Африканската унија, Муса Факи Мухамед ја повика меѓународната зедница на помош за Сиера Леоне, земја во којашто во поплавите и свлечиштата настрадаа повеќе од 300 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Мухамед соопшти дека е длабоко потресен од веста за поплавите и свлечиштата во Фритаун каде што помош им е потребна на голем број лица.
Тој додаде дека целата Африканска унија е со народот и властите на Сиера Леоне во овие тешки времиња.
„Моите мисли и молитви се со семејствата кои ги загубија саканите“, изјави Мухамед.
Тој ги повика Африканците, но и меѓународните организации да му помогнат на Сиера Леоне.
Во поплавите и свлечиштата предизвикани со обилните врнежи, вчера смртно настрадаа 312 лица. Потпретседателот на Сиера Леоне, Виктор Бокарие Фох, изјави дека постои стравување оти стотици лица се заробени под земја.