Ekip
04 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
БАГДАД (AA) – Семејството на ирачката новинарка Афра Шавки, која минатата недела беше киднапирана од нејзината куќа во Багдад, соопшти дека новинарката е ослободена вчеравечер, пренесува Anadolu Agency (AA).
Нејзиниот брат Нибрас Шакви ал-Каиси за медиумите потврди дека Афра е ослободена минатата ноќ, но не изнел детали во врска со грабнувањето.
Вооружените лица кои се претставиле како припадници на безбедносните сили ја претресле куќата на Афра минатиот понеделник, по што ја грабнале. Исто така одзеле злато, пари, телефони, лаптопи и нејзиниот автомобил.
Оваа новинара, која работи и во ирачкото Министерство за култура, е истакнат критичар на ирачката ендемска корупција.
Од 2003 година, кога Соединетите Американски Држави (САД) извршија инвазија на Ирак, до денеска во оваа земја загинаа 455 новинари.
Само оваа година, во Ирак загинаа 20 претставници на медиумите. Според извештајот на Синдикатот на новинарите на Ирак, во 2016 година, најмногу во Мосул се убиени 20 новинари. Повеќето биле убиени од страна на припадниците на терористичката организација ДЕАШ.
Во извештајот е нагласена и загриженоста поради ризикот и несигурноста на новинарите во Ирак. Ирак од 2003 година е најопасна земја за претставниците на медиумите.