Ekipa
14 Февруари 2017•Ажурирај: 14 Февруари 2017
БАГДАД (АА) – Според локален полициски извор, најмалку 3 лица загинаа денес при експлозија на бомба во јужниот дел на Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот капетан на Багдад, Назан Ал-Хедр, за АА вели дека бомбата, од која се исто така повредени 8 лица, експлодирала во индустриската зона во јужниот дел на главниот град, населбата Бајаа.
Ниедна група досега не ја презеде одговорноста за денешиот напад.
Во изминатите месеци, разорувачките бомбашки напади, кои често се изведувани со автомобил-бомба, станаа вообичаени за ирачкиот главен град.
Ирачките власти честопати за ваквите напади ја обвинуваат терористичката група ДЕАШ, која зазеде голем дел од територијата во северен и во западен Ирак.