Ruslan Rehimov
08 Ноември 2021•Ажурирај: 09 Ноември 2021
БАКУ (АА) - Во Баку, главниот град на Азербејџан, одржан е марш по повод првата годишнина од ослободувањето на регионот Карабах од ерменската окупација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во рамките на „Денот на победата“ реализиран е марш што започна од плоштадот „Азнефт“ во Баку.
Во маршот учествуваа учениците од средните воени училишта, коњичките единици на Командата на граничната служба, ветераните од војната во Карабах и граѓаните.

Учениците од воените школи носеа знаме на Азербејџан од 440 метри.
Граѓаните го следеа маршот со азербејџански и турски знамиња, скандирајќи „Карабах е Азербејџан“.
Маршот, на кој присуствуваа повеќе илјади луѓе, заврши во музејот на Баку, каде што е изложен еден дел од оружјето и оклопните возила запленети од ерменската Војска.
Односите помеѓу Ерменците и Азербејџанците се проблематични од почетокот на минатиот век кога Ерменија го окупира Нагорно Карабах и уште седум соседни региони кои се суверен дел на територијата на Азербејџан.

Ерменските сили на 27 септември започнаа нови напади на населбите и воените позиции на Азербејџан, а азербејџанската Војска одговори со операција, со цел ослободување на окупираните региони, и успеа да им нанесе големи загуби на ерменските сили и да ослободи пет града и околу 300 населени места.
Ерменија и Азербејџан на 10 ноември постигнаа договор за ставање крај на судирот во Нагорно Карабах. Договорот беше постигнат со посредство на Русија и предвидува повлекување на ерменските сили од Лацин, Келбекер и Агдам. Руските и турските мировни сили се вклучени во механизмот за мониторинг на почитувањето на примирјето.
Азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, тогаш во обраќањето кон нацијата кажа дека договорот е победа на Азербејџан, а пораз на Ерменија, чиј премиер, Никол Пашинјан, пак, кажа дека потпишувањето на тој договор била тешка одлука, но дека немал друг избор.