Emre Aytekin
05 Јануари 2018•Ажурирај: 06 Јануари 2018
ДАККА (AA) - Невладините организации во Бангладеш упатија апел за борба против употреба на дрога која постојано расте во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Сојузот за забрана на употреба на дрога (MANAS), Аруп Ратан Чадхури во изјава за АА нагласи дека во случај владата да не спроведува остра и ефективна програма за спречување на употребата на дрога, за неколку години можно е да исчезне младата популација.
Во извештај објавен пред неколку дена од страна на MANAS беше наведено дека во земјата постојат над 7 милиони зависници од дрога.
Чадхури вели дека употребата на дрогата од страна на младата популација постојано расте.
„Според нашиот извештај, над 7 милиони лица во земјата се зависници од дрога. Официјалните власти велат дека постојат 5 милиони зависници. Претпоставуваме дека реалната бројка е многу повисока, и може да достигне до 10-15 милиони лица“ додаде тој.
Тој информираше дека дрогата се транспортира во земјата од Мјанмар и Индија, и предупреди дека во случај да не се спречи тоа, младата популација се соочува со опаснот од исчезнување за неколку години.
Чадхури, кој воедно е член на Националниот совет за контрола на наркотици, упати апел до владата да преземе мерки за спречување на тргоцијата со дрога.
Како што рече тој, во земјата постојат над 3 милиони трговци на дрога, и тврди дека ова состојба може да се земе под контрола во рок од три месеци ако владата ќе би мобилизира надлежните институции.
Според еден извештај околу наркотиците на Одделот за наркотици при Министерството за внатрешни работи на оваа земја, во последните години е забележан голем раст во увозот на дрога во Бангладеш.
Се вели дека 77 отсто од зависниците се од возрасната група 15-35 години, од кои 20 отсто се жени.
Од Одделот за итна интервенција (RAB) при полицијата на Бангладеш соопштуваат дека во последните години се зголемени операциите за борба против употреба на дрогата.
Директорот за правда и медиуми на RAB, Муфту Махмуд Хан, во изјава за АА нагласи дека борбата против употреба на дрогата не може да биде успешна само со преземените безбедносни мерки, и додаде дека во соработка со локалното население водат кампањи за подигнување на свеста против зависноста од дрога.