Murat Karadağ
05 Јануари 2018•Ажурирај: 07 Јануари 2018
ТОКИО (AA) - Во познатиот историски пазар на риби Цукији продаденa e најголемата туна оваа година која тежи 405 килограми, а за неа беше платена 36.500 јапонски јени (320 илјади долари), јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите во јапонските градови, најголемата туна на најголемиот рибен пазар во светот била продадена за 790 долари за килограм.
Рибниот пазар ја направи последната продажба на оваа локација, од каде во следниот период ќе биде преместена.
Инаку, најскапата туна на овој јапонски пазар е продадена во 2013 година за 1,37 милиони долари.
Овој рибен пазар датира од 16 век, а денес е исто така една од најзначајните туристички атракции во Јапонија.