Zehra Ulucak
08 Септември 2019•Ажурирај: 10 Септември 2019
ДАКА (АА) - Во текот на изминатите седум месеци во Бангладеш од последици на удар на гром загинаа најмалку 246 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Дака трибјун“ (Dhaka Tribune) јавува дека од февруари до август од удар на гром животот го загубиле 246 лица, меѓу кои и 6 деца.
Истиот извор јавува дека од удар на гром во Бангладеш тешко се повредени најмалку 97 лица.
Најголем број од настраданите се работници на плантажите со ориз во подрачјето на Сатхира.