Meltem Öztürk
24 Август 2016•Ажурирај: 24 Август 2016
АНКАРА (АА) - Потпретседателот на САД, Џо Бајден, кој утринава допатува во посета на Анкара, се состана со претседателот на Големото народно собрание на Република Турција, Исмаил Караман, јавува Anadolu Agency (AA).
На самиот почеток на состанокот во турскиот Парламент, Караман му се заблагодари на Бајден за посетата, која следеше по обидот за државен удар во Турција.
Бајден изрази жалење по повод обидот за државен удар во Турција, и додаде: „Сакав да бидам тука веднаш следниот ден”.
Потоа состанокот на Караман и Бајден беше продолжен зад затворени врати.
По состанокот, Бајден во придружба на Караман ја посети и зградата на турскиот Парламент оштетена за време на обидот за државен удар на 15ти јули, кој го изврши терористичката организација ФЕТО.
По турскиот Парламент, Бајден ќе одржи и билатерален состанок со турскиот премиер Бинали Јилдирим, во палатата Чанкаја. По состанокот е планирана и прес конференција. Бајден ќе биде примен и од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а нивниот состанок ќе биде одржан во претседателската палата во главниот град на Турција.