свет

Белата куќа: Ослободени тројца Американци кои со години беа затворени во Кина

Администрацијата на Бајден посредувала за ослободување на тројцата Американци во замена за неидентификувани кинески државјани во американски притвор

Servet Günerigök  | 27.11.2024 - Обновена : 27.11.2024
Белата куќа: Ослободени тројца Американци кои со години беа затворени во Кина

Тројца Американци се ослободени од притвор во Кина, соопшти денес Белата куќа, јавува Анадолу.

„Задоволство ни е да соопштиме за ослободувањето на Марк Свидан, Каи Ли и Џон Леунг од притвор во Народна Република Кина“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност.

Портпаролот истакна дека тие наскоро ќе се вратат и повторно ќе бидат со своите семејства првпат по многу години.

„Благодарение на напорите и дипломатијата на оваа администрација со НР Кина, сите незаконски приведени Американци во НР Кина се дома“, додаде портпаролот.

Претходно новинската веб-страница „Политико“ објави дека администрацијата на Бајден посредувала за ослободување на тројцата Американци во замена за неидентификувани кинески државјани во американски притвор, цитирајќи официјален претставник на Белата куќа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.