Ekip
21 Мај 2022•Ажурирај: 22 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Се очекува американскиот претседател Џо Бајден и неговиот јужнокорејски колега Јун Сук-јол на денешната средба да разговараат за нуклеарната соработка среде тензиите на Корејскиот Полуостров, соопштија од Белата куќа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на состанокот Бајден и Јун ќе разговараат за неколку прашања, меѓу кои и за Северна Кореја.
„Мислам дека можете да очекувате разговор како за нуклеарната соработка, така и за други прашања поврзани со технологијата“, наведуваат од Белата куќа.
Бајден во петокот стигна во Јужна Кореја во својата прва тродневна посета на оваа источноазиска држава, само 10 дена откако Јун Сук-јол положи заклетва како нов претседател на Јужна Кореја.