Beyza Binnur Dönmez
26 Јули 2023•Ажурирај: 27 Јули 2023
ЖЕНЕВА (АА) - Белгискиот суд прогласи осум лица за виновни за нивните улоги во бомбашките напади во Брисел во 2016 година, во кои загинаа повеќе од 30 луѓе, а стотици беа повредени, пренесува Анадолу.
Шестмина од десетте обвинети беа прогласени за виновни за „терористичко убиство“ и обид за убиство, според новинската агенција Белга, додека осуммина од десеттемина, исто така, се осудени за учество во активности на терористичка група.
Двајца обвинети беа ослободени од сите обвиненија, се додава во веста.
По седуммесечното судење, најголемо судење во судската историја на Белгија, со учество на повеќе од 900 граѓански тужители, шесте лица што беа прогласени за виновни за терористичко убиство и обид за убиство се Салах Абдеслам, Оусама Атар, Осама Крајем, Мохамед Абрини, Али Ел. Хадад Асуфи и Билал Ел Махоуки.
Абдеслам веќе отслужува доживотна казна затвор во Франција за неговата улога во терористичките напади во Париз што се случија една година пред нападот во Брисел.
Судот, исто така, додаде имиња на три дополнителни жртви на списокот на убиени, со што официјалниот број на загинати се искачи од 32 на 35, се вели во оваа вест.
Судењето ќе биде одложено за летото по пресудата во вторник. Судот ќе се состане во септември за да го разгледа изрекувањето на казната.