Dursun Aydemir
07 Мај 2017•Ажурирај: 08 Мај 2017
БРИСЕЛ (АА) - Илјадници лица во Брисел демонстрираа против политиката на штедење од страна на белгиската федерална влада, јавува Anadou Agency (AA).
Околу 5.000 лица кои на повик од невладините организации дојдоа и од градовите Лијеж, Гент, Шарлроа, Левен и Алст, се собраа на железничката станица на северниот дел од градот.
Демонстрантите протестираа против политиката на штедење и бараа алтернативни политики како и зголемување на општествените услуги.
На демонстрациите, покрај припадниците на невладините организации, учествуваа и студенти и претставници на политички партии. Тие, извикувајќи слогани против Владата, се движеа до централната железничка станица во Брисел „ Gaere Centrale“.
Демонстрациите завршија без инциденти.