Ata Ufuk Şeker,Yusuf Hatip
14 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
БРИСЕЛ (АА) - Врховниот белгиски суд ја поништи претходната одлука на понискиот суд, со која беше предвидено на припадниците на терористичката организација ПКК во Белгија да не им се суди за тероризам, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортерот на АА јавува дека Врховниот суд ја уважил жалбата на Федералното обвинителство на таа земја во врска со претходната спорна одлука на понискиот суд.
Со таа одлука повторно е отворена можноста на истакнатите челници на ПКК во Европа, вклучувајќи ги Ремзи Картал и Зубеј Ајдар, да им се суди по законите за борба против тероризмот.
Обвинителството, во жалбата поднесена во ноември минатата година, нагласи дека активностите на ПКК се од терористичка природа и дека не можат да се третираат како вооружена борба, туку исклучиво како тероризам.
Обвинителството уште во 2010 година покрена истрага против терористите на ПКК во Белгија и Европа и во 2015 година на судот му предаде обвинение против сите припадници обвинети за терористички активности, за регрутирање млади, киднапирање, обука и носење на странски боишта.
На почетокот од ноември минатата година, Одделот за истрага во Брисел донесе одлука дека овие обвиненија спаѓаат во рамките на терористичко дејствување и случајот го проследи до Кривичниот суд. Федералниот обвинител вложи жалба на таа одлука, која предизвика и остра критика од Турција.
Жалбата во првата постапка на Апелациониот суд е одбиена, а Врховниот суд ги уважи ставовите на Обвинителството.