Hasan Esen
31 Мај 2016•Ажурирај: 01 Јуни 2016
БРИСЕЛ (АА) – Во Белгија дојде до пореметување во секојдневната работа на транспортот, училиштата, поштата и затворите поради организираниот штрајк од страна на вработените во јавната администрација, јавува Anadoly Agency (AA).
Вработените во јавната администрација стапија во штрајк против одлуката за намалување на буџетот од страна на Владата.
Поради генералниот штрајк, работата на железничкиот сообраќај е запрена во целост во Валона, додека пак во Фламанската област, истиот се одвива со намален интензитет за 40 %.
Распоредот на метро возовите, кој е мошне зачестен во нормални услови, денес е редуциран на еден воз на секои 15-20 минути. Некои автобуски и трамвајски линии пак, сосема се стопирани.
Откажани се и неколку возни линии од компанијата Еуростар, која раководи со железничките услуги на релација Лондон-Брисел, како и од компанијата Талис, која сообраќа на релација Париз-Брисел. Од Талис стигна соопштение дека возната линија од Германија кон белгискиот град Лиеж нема да се одвива воопшто за време на штрајкот.
Некои од вработените во поштите излегоа на штрајк, истовремено кон штрајкот се приклучуваат и наставниците, и од училиштата кои се отворени. Освен тие, чуварите од затворите продолжуваат со штрајкот кој го започнаа пред пет недели, поради неуспех во постигнување на договор.
Во текот на денот, синдикатите ќе излезат на протест против Владата во центарот на градот. Истите, не ги прифаќаат донесените мерки за штедење од страна на владата како зголемувањето на старосната гграница за пензионирање и скратување на годишниот одмор.