Kristina Maslareviç
13 Март 2016•Ажурирај: 14 Март 2016
БЕЛГРАД (AA) - Претседателот на Владата на Србија Александар Вучиќ, по повод денешната експлозија во Анкара, упати телегрма со сочуство на претседателот на Владата на Република Турција Ахмет Давутоглу, јавува Anadolu Agency.
"Со голема тага и жалење ја примивме веста за големата експлозија која ја предизвика автомобилот бомба во центарот на Анкара во која десетици луѓе загубија живот, додека многубројни се повредени. Уште еднаш сакам да ја нагласам важноста на заедничките напори во одлучната борба против тероризмот, кој секогаш ја загрозува и подрива вредноста на современата цивилизација и општество" ,наведено е во телеграмата на српскиот премиер Вучиќ.
Вучиќ додаде дека во името на Владата на Република Србија и во свое име, упатува најдлабоко сочуство на премиерот Давутоглу, Владата на Турција и семејствата кои ги загубија своите сакани.