Ayhan Şimşek
08 Октомври 2021•Ажурирај: 09 Октомври 2021
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја посети Турција на 16 октомври во чии рамки во Истанбул ќе се состане со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и ќе разговара за билатералните односи и меѓународните прашања, изјави денеска нејзиниот портпарол, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Турција е многу важен, близок партнер за нас“, изјави портпаролот Штефен Зајберт на прес-конференцијата во Берлин, додавајќи дека лидерите ќе дискутираат за широк опсег на меѓународни и регионални прашања, вклучувајќи ја соработката меѓу Турција и ЕУ за управување со миграцијата и заштита на бегалците.
Посетата на канцеларката Меркел ќе се случи пред Самитот на лидерите на ЕУ во Брисел закажан за 21 и 22 октомври.
По 16 години на власт, Ангела Меркел се подготвува да ја напушти активната политика во текот на оваа година, но таа ќе остане на својата функција сѐ додека не се формира нова коалициска влада.
Демохристијаните на Меркел (CDU/CSU) за малку ги загубија општите избори на крајот од минатиот месец.