свет

Билансот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа надмина 43.700

- Најмалку уште 28 Палестинци се убиени во немилосрдните израелски напади врз Појасот Газа, со што вкупниот број убиени од минатата година достигна 43.764, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата.

Ikrame Imane Kouachi  | 15.11.2024 - Обновена : 15.11.2024
Билансот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа надмина 43.700

АНКАРА (АА) - Најмалку уште 28 Палестинци се убиени во немилосрдните израелски напади врз Појасот Газа, со што вкупниот број убиени од минатата година достигна 43.764, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се додава дека околу 103.490 други се исто така повредени во тековниот напад.

„Израелските сили убија 28 лица и повредија 120 други во три масакри врз семејства во последните 24 часа“, се вели во соопштението на Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава во соопштението.

Не почитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, со која се повикува на итен прекин на огнот, Израел продолжи со својата брутална офанзива врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година.

Поради израелската офанзива врз Газа е раселено речиси целото население на енклавата, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Напорите за посредување предводени од САД, Египет и Катар за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и размена на заробеници меѓу Израел и Хамас не успеаја поради одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја запре војната.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите акции во Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın