свет

Билансот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа надмина 46.700

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“

Ahmed Asmar  | 15.01.2025 - Обновена : 15.01.2025
Билансот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа надмина 46.700

АНКАРА (АА) - Најмалку уште 62 Палестинци се убиени во немилосрдните израелски напади врз Појасот Газа, со што билансот од октомври 2023 година досега достигна 46.707, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Министерството истакна дека досега во нападите се повредени најмалку 110.265 Палестинци.

„Израелските сили убија 62 лица, а повредија 253 во шест масакри на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Министерството за здравство истакна дека во денешните бројки додадени се и 499 Палестинци, чии имиња се документирани и потврдени од релевантниот Комитет на Министерството, со кои вкупниот број достигна 46.537.

Израелската армија ја продолжува геноцидната војна во Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се повикува на итен прекин на огнот.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.