Билансот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа се приближи до 44.000
„Израелските сили убија 50 лица и повредија 110 во три масакри врз семејства во последните 24 часа“, се вели во соопштението на Министерството.
АНКАРА (АА) - Најмалку уште 50 Палестинци се убиени во немилосрдните израелски напади врз Појасот Газа, со што вкупниот број убиени од минатата година досега достигна 43.972, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.
Во соопштението на Министерството се додава дека околу 104.008 Палестинци се повредени во нападите.
„Израелските сили убија 50 лица и повредија 110 во три масакри врз семејства во последните 24 часа“, се вели во соопштението на Министерството.
„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава во соопштението.
Не почитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, со која се повикува на итен прекин на огнот, Израел продолжува со својата брутална офанзива врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година.
Поради израелската офанзива во Газа е раселено речиси целото население на енклавата, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.
Напорите за посредување предводени од САД, Египет и Катар за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и размена на заробеници меѓу Израел и Хамас не успеаја поради одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја запре војната.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите дејства во Газа.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.