Sümeyye Dilara Dinçer
11 Февруари 2022•Ажурирај: 12 Февруари 2022
КАНБЕРА (АА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека конфликтот со Кина не е неизбежен, но дека Соединетите Американски Држави (САД) и нивните сојузници треба да се поддржуваат едни со други за системот втемелен на правила кој е загрозен од кинеската агресија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Блинкен во Канбера даде изјава пред состанокот со министрите за надворешни работи на алијансата Квад (Quad), која ја сочинуваат Австралија, Индија, Јапонија и САД.
На новинарско прашање дали конфликтот со Кина е неизбежен во Индопацификот, Блинкен одговори: „Ништо не е неизбежно“. Шефот на Стејт департментот додаде дека САД и нивните сојузници би требало да се подржуваат едни со други за системот втемелен на правила кои се загрозени со кинеска агресија.
„Мислам дека ја споделуваме загриженоста дека Кина во последните години дејствуваше поагресивно однатре и во регионот“, кажа Блинкен.
Тој истакна дека алијансата Квад е споена со „позитивна визија на она што иднината би можела да го донесе“ и „ветувањето дека ќе се брани системот втемелен на правилата за кои се вложи огромно време и труд“.
Министерството за надворешни работи на Кина, од друга страна, ги обвини САД дека ја користат алијансата Квад за да ги присилат другите земји да ги прифатат стандардите на американската демократија.