Mustafa Deveci
17 Декември 2018•Ажурирај: 17 Декември 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Администрацијата на компанијата „Фејсбук“ го блокираше профилот на синот на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Anadolu Agency (AA).
Јаир Нетанјаху, синот на израелскиот премиер, минатата недела на Фејсбук објави пораки кои администрацијата на социјалната мрежа ги избриша.
„Мирот на ова подрачје не може да дојде додека не го напуштат сите Евреи или сите муслимани. Јас ја преферирам оваа другата опција“, напиша Јаир Нетанјаху во спорната порака.
Синот на израелскиот премиер потоа ја критикуваше администрацијата на Фејсбук, која му одговори со привремена блокада на профилот.
Јаир Нетанјаху потоа на социјалната мрежа Твитер го обвини Фејсбук дека го казнува поради критиките.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се соочува со политичка криза во земјата и со голем број обвиненија за корупција, а често во неповолна ситуација го доведува и 27-годишниот син Јаир, кој е познат по неодговорните објави на социјалните мрежи.