Handan Kazancı
10 Февруари 2019•Ажурирај: 11 Февруари 2019
КАРАКАС (АА) - Боливискиот претседател Ево Моралес остро ги осуди изјавите на лидерот на венецуелската опозиција, Хуан Гваидо, во врска со можната американска воена интервенција во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ги отфрламе изјавите на самопрогласениот претседател Хуан Гваидо кој ја поздравува американската воена интервенција во Венецуела“, објави Моралес на Твитер.
„Се прашувам што ќе кажат на браќата претседатели кои го признаа, за таквото поттикнување на војна во Латинска Америка“, додаде тој.
Гваидо во петокот истакна дека нема да отфрли одобрување на американска воена интервенција за соборување од власт на претседателот Николас Мадуро.
Венецуела е зафатена од протести од 10 јануари, кога претседателот Николас Мадуро положи свечена заклетва за својот втор мандат како претседател по изборите кои ги бојкотираше опозицијата.
Тензиите се зголемија на 23 јануари, кога лидерот на опозицијата, Гваидо, се самопрогласи за привремен претседател, потег кој беше поддржан од САД и многу европски и латиноамерикански земји.
Русија, Турција, Кина, Иран, Боливија и Мексико му дадоа поддршка на Мадуро.