Sayed Khodaiberdi Sadat
18 Декември 2020•Ажурирај: 20 Декември 2020
КАБУЛ
Петнаесет цивили загинаа во бомбашкиот напад извршен за време на церемонија одржана по хатма (завршување на читање на Куранот) во авганистанската покраина Газне, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на оваа земја, Тарик Арјен, во изјава за медиумите нагласи дека извршен е напад со трицикл-бомба за време на церемонија одржана по хатма во село Агуџан при подрачјето на Гејлан во Газне.
Арјен информира дека во нападот загинале 13 цивили, додека 20 цивили се повредени.
Сеуште никој не ја презеде одговорноста за нападот.