Ekip
19 Јануари 2021•Ажурирај: 19 Јануари 2021
МОГАДИШУ
Според првичните сознанија, три лица загинаа во бомбашкиот напад извршен во утринските часови во главниот град на Сомалија, Могадишу, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од безбедносните извори, во нападот бил таргетиран конвојот на заменик-градоначалникот на општина Гарасбалеј, Али Џарере.
Се истакнува дека во нападот загинале три лица, меѓу кои и Џарере.
По експлозијата, во местото на настанот се упатени безбедносните сили.
Владата сеуште не излезе со официјална изјава во врска со случајот, додека сеуште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Инаку, терористичката организација Ел-Шебаб често врши напади врз безбедносните сили и цивилните населени места во Сомалија.