Ekipa
07 Март 2018•Ажурирај: 07 Март 2018
ЏАРАБУЛУС (АА) - Најмалку шест лица загинаа, а 15 се повредени во бомбашки напад извршен на подрачјето на Џарабулус, во северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми наведуваат дека нападот во Џарабулус, кој припадниците на Слободната сириска војска со поддршка на Вооружените сили на Турција (ТСК) го ослободија од терористичката организација ДЕАШ, бил извршен со автомобил на кој била монтирана бомба. Мета на нападот била полициска контролна точка.
Во нападот загинаа шест лица, меѓу кои има и деца и жени. Од повредените, три се во тешка состојба. Сè уште никој не презеде одговорност за нападот.
Локални безбедносни извори зборуваат за можноста дека нападот го извршиле членови на терористичката организација ПЈД/ПКК.
Вчера во близина на полициска станица во Баб беше извршен бомбашки напад во кој загина едно, а се повредени пет лица.