Ömer Koparan,Ethem Emre Özcan
24 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
АФРИН
Во северниот дел на Сирија, во централното подрачје на Африн извршен е бомбашки терористички напад во кој животот го загубија двајца цивили, а пет се ранети, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бомба поставена во мотоцикл експлодираше во центарот на градот Африн, кој се наоѓа во подрачјето на операцијата „Маслинова гранка“.
Од експлозијата животот го загубија 2 цивили, а 5-мина се ранети.
Од безбедносни извори се дознава дека бомбашките напади на териториите што се ослободени од рацете на терористите ги изведуваат припадниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК, но оваа организација избегнува да ја преземе одговорноста бидејќи во нападите има цивилни жртви.
Во центарот на Африн на 20 јуни експлодираше бомба поставена во возило. Од експлозијата беа ранети 4 цивили, меѓу кои и едно дете.
Врз Баб, Азаз, Џарабулус и Африн, терористите на ЈПГ/ПКК често спроведуваат терористички активности од областа Тел Рифат, која според договорот меѓу Турција и Русија постигнат на 22 октомври 2019 година треба да биде испразнета од терористичките елементи.