Eşref Musa,Ömer Koparan
05 Ноември 2019•Ажурирај: 06 Ноември 2019
ТЕЛ АБЈАД (АА) - Двајца цивили се ранети во нападот на терористичката организација ЈПГ/ПКК со автомобил натоварен со експлозив во центарот на Тел Абјад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во терористичкиот напад ранети се двајца цивили.
Повредените се префрлени на лекување. Се претпоставува дека нападот е изведен од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Во нападот во центарот на Тел Абјад, на 2 ноември, исто така со автомобил натоварен со експлозив, загинаа 13 цивили, а најмалку 20 цивили беа повредени.
И покрај Договорот меѓу Турција и САД постигнат на 17 октомври, терористичката организација ЈПГ/ПКК продолжува со нападите во Тел Абјад и Рас ал Ајн.
Градот Тел Абјад, кој се наоѓа на сириската територија спроти областа Акчакале во Шанлиурфа, од терористите на ЈПГ/ПКК беше ослободен на 13 октомври.