Ömer Koparan,Muhammed Temim Hocaoğlu
31 Јануари 2021•Ажурирај: 01 Февруари 2021
АЗАЗ
Во бомбашките терористички напади извршени во подрачјето на Азез и Баб, што се наоѓаат во северниот дел на Сирија, досега загинаа 10, а 24 лица се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во центарот на Азаз експлодираше бомба што била поставена во возило близу Културниот центар на Азаз и зградата на Привремената влада на Сирија.
Како резултат на овој напад загинаа 4 лица, додека 20 лица се повредени.
Извесно време по експлозијата во Азаз настана експлозија и на контролната точка во местото Зерзур, што се наоѓа 5 километри источно од подрачјето на Баб.
Според првичните сознанија, во овој напад загинаа 6, а повредени се 4 лица.
Постои загриженост поради можноста за зголемување на бројот на жртви и повредени.