Mustafa Deveci
31 Јануари 2021•Ажурирај: 01 Февруари 2021
ЕРУСАЛИМ
Израелските сили застрелаа еден Палестинец со образложение дека се обидел да изврши напад со нож во окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните сили истакнаа дека еден Палестинец, чиј идентитет не е откриен, е застрелан од страна на израелските војници во местото Гуш Ецион, што се наоѓа во јужниот дел на Витлеем.
Се вели дека Палестинецот бил тешко повреден и починал на местото од настанот, а дека нема повредени меѓу израелските сили.
Од друга страна, во писменото соопштение на израелската Војска се наведува дека пријавен е обид за напад со нож и дека лицето за кое се тврди дека го извршило нападот е неутрализирано.
Израелските сили продолжуваат со злосторства против Палестинците со тврдењата дека бил „извршен обид за напад со нож“ или „извршен обид за прегазување со возило“.
Организациите за човекови права го обвинуваат Израел дека врши вонсудски егзекуции против Палестинците.