Bedrudin Brljavac
08 Мај 2024•Ажурирај: 10 Мај 2024
ПАРИЗ (АА) - Борусија Дортмунд е првиот финалист на овогодинешната УЕФА Лига на шампиони во фудбал откако во двата дуела во полуфиналето успеа да го совлада тимот на Париз Сен Жермен, известува Анадолу.
Фудбалерите на Борусија Дортмунд на првата средба како домаќини славеа со резултат 1:0. И во реваншот што се одигра во Париз германскиот претставник со резултат 0:1 успеа да го совлада ПСЖ и избори пласман во финалето на Лигата на шампиони.
Стрелец на единствениот погодок за германската екипа, предводена од тренерот Един Терзиќ, беше Матс Хумелс во 50. минута.
Реванш-средбата од вториот полуфинален дуел меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен се игра денес во Мадрид, со почеток во 21.00 часот. Првата средба што се одигра во Минхен заврши без победник, 2:2.