спорт

Навивачите на ПСЖ со транспаренти пратија порака за солидарност со Палестина

„Слободна Палестина“ пишуваше на голем транспарент на англиски јазик. Навивачите, пред почетокот на натпреварот во парискиот „Парк на принцовите“...

Emre Aşıkçı  | 07.11.2024 - Обновена : 08.11.2024
Навивачите на ПСЖ со транспаренти пратија порака за солидарност со Палестина Фото: İbrahim Ezzat/АА

ПАРИЗ (АА) – Навивачите на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ) синоќа истакнаа транспаренти во знак на солидарност со Палестина на натпреварот од Лигата на шампионите на УЕФА против Атлетико Мадрид, јавува Анадолу.

„Слободна Палестина“ пишуваше на голем транспарент на англиски јазик. Навивачите, пред почетокот на натпреварот во парискиот „Парк на принцовите“, кренаа и малку помал транспарент со порака „Битка на теренот, но мир во светот“ на француски јазик.

Натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампиони заврши со победа на гостите од Мадрид со резултат 2:1.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година. Во нападите се убиени речиси 43.400 Палестинци.

Израел се соочува со обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите дејства во Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın