Ömer Yetkin Acar
10 Февруари 2017•Ажурирај: 11 Февруари 2017
САО ПАОЛО (АА) - Додека во Собранието во Рио де Жанеиро се дебатирало околу решавањето на кризата во која се наоѓа државата Рио де Жанеиро, за давање на акциите на државната компанија за Водовод и канализација како гаранција за помошта што ќе биде добиена од Федералната влада, пред зградата на Собранието се случи судир меѓу јавната администрација и безбедносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Судирот настанал откако врз воената полиција, која формирала безбедносен коридор пред Собранието, група лица со маски на лицата почнале да фраат камења, пиротехнички средства и молотови коктели врз полицајците. Откако полицајците на нападот одговориле со солзавец и со пластични куршуми, маскираните напаѓачи почнале да ги кршат излозите на деловните простории и на една банка во околината на Собранието.
Солзавецот што беше користен од страна на полицијата за време на настаните, делуваше врз пратениците во Собранието и врз административците кои го спроведоа пасивниот протест.
Според официјалните информации, во протестот се повредени 15 лица, а едно лице е приведено.
- За 6 дена се извршени 113 убиства
Од друга страна, во соопштението што го даде синдикатот „Еспирито Сантос“ за јавната полиција, од почетокот на штрајкот, кој започна на 4 февруари, досега имало 113 случаи на убиства.
Армијата соопшти дека со цел кризата да земе под контрола, до крајот од неделата во државата ќе бидат распоредени 3.000 војници.
Несигурноста која владее во државата и сѐ уште затворените работни места, отворија простор народот да се насочи кон супермаркетите.
Со цел да ги услужат луѓето кои чекаат во долги редици, супермаркетите со прекини работат во текот на целиот ден.