Yusuf Özcan
09 Април 2017•Ажурирај: 10 Април 2017
ПАРИЗ (АА) - На 41. Меѓународен париски маратон, во категоријата за мажи победи Кениецот Пол Лонјангата, а во категоријата за жени, неговата сопруга Пјурити Рионорипо, јавува Anadolu Agency (AA).
Маратонската патека долга 42 километри и 195 метри ја претрчаа околу 57.000 луѓе.
Лонјангата (24) трката ја заврши со време од 2 часа, 6 минути и 10 секунди, додека на неговата сопруга за првото место во женската конкуренција и беа потребни 2 часа, 20 минути и 50 секунди.
Во машка конкуренција, на втората и третата позиција се најдоа Стефан Чебогут и Соломон Јего, исто така атлетичари од Кенија.