?????
16 Ноември 2015•Ажурирај: 16 Ноември 2015
ПАРИЗ (АА) – Уште двајца други бомбаши самојубијци од нападите во Париз се идентификувани, изјави денес главниот обвинител.
Истражителите именуваа седум од осомничените напаѓачи, вклучувајќи ги петте кои загинаа во нападите, еден уапсен во Белгија и еден во бегство. Други двајца напаѓачи загинаа во серијата оружени, бомбашки напади во петокот вечер.
Обвинителот Франсоа Молинс даде имиња на уште двајца бомбаши, Ахмед ал-Мухаммед и Сами Амимоур. Ал-Мухаммед загинал на Stade de France. Идентификуван бил преку сирискиот пасош најден на местото на настанот, кој го идентификува како 25-годишен сириец роден во Идлиб, кажаа од канцеларијата на Молинс.
Обвинителот рече дека отпечатоците од прстите на напаѓачот одговараат со оние на еден што поминал низ Грција во октвомври, треба сеуште да се докаже автентичноста на пасошот. Амимоур е еден од бомбашите на концертната сала Батаклан.
Имал 28 години и живеел во Дранси, северно предградие на Париз. Обвинителот рече дека е обвинуван за терористички дела во 2012 година, се обидел да отпатува за Јемен а се соопштува дека заминал во Сирија во 2013 година.
Во неделата полицијата издаде налог за апсење на Салах Абдеслам, 26-годишен француски државјанин роден во Белгија, под сомнение за инволвираност во нападите. Според француските власти, еден од неговите браќа се разнел во близина на концертната сала додека другиот бил уапсен во Белгија.
Претседателот, Франсоа Оланд, изјави дека ова се најсмртоносните напади на европско тло по бомбашките напади во Мадрид во 2004 година каде загинаа 191 лице.