Vesna Besic
01 Февруари 2024•Ажурирај: 02 Февруари 2024
БРИСЕЛ (АА) - Стотици земјоделци денес протестираа пред зградата на Европскиот парламент во Брисел, главниот град на Белгија, барајќи подобри услови за работа и одржување стабилен приход, јавува Анадолу.
Некои земјоделци запалија купишта гуми и транспаренти во близина на влезот на зградата на Парламентот, изразувајќи незадоволство од состојбата во земјоделскиот сектор, поради што интервенираше белгиската полиција.

Во Брисел во тек е вонреден самит на кој се собраа лидерите на Европската Унија (ЕУ).
Во тек се преговори меѓу Владата и синдикатот на земјоделците во Белгија. Во меѓувреме, земјоделците продолжуваат да протестираат со тракторите во различни региони, особено во главниот град Брисел и околината.