Zlatan Kapiç
03 Јули 2017•Ажурирај: 03 Јули 2017
БРИСЕЛ (АА) - Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, денес се состана со претседателите на Косово и на Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ, јавува Anadolu Agency (AA)
Могерини утринава се состана со Тачи во зградата на ЕУ за надворешни работи.
По состанокот со Тачи, започна состанокот меѓу Могерини и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Состанокот се одржува зад затворени врати, а подоцна се очекуваат изјави за медиумите.