Hasan Esen
13 Јануари 2020•Ажурирај: 14 Јануари 2020
ЛОНДОН (АА) - Челниците на Велика Британија, Германија и Франција го повикаа Иран во потполност да се придржува на одредбите од нуклеарниот договор и да се воздржи од насилство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Британскиот премиер, Борис Џонсон, германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател, Емануел Макрон, во заедничка изјава рекоа дека нивните земји делат заеднички безбедносни интереси со другите европски сојузници.
„Еден од нив е спречување на ширењето на нуклеарното оружје и обезбедување дека Иран никогаш нема да развие нуклеарно оружје“, беше кажано и потсетено е на важната улога на Заедничкиот сеопфатен акционен план (JCPOA) на Техеран што ги регулира нуклеарните активности.
Изразена е загриженост поради повлекувањето на САД од договорот и наведено е дека Кина, Франција, Германија, Русија и Британија покажале одлучност во заштитата на Заедничкиот сеопфатен акционен план (JCPOA).
Американската администрација во мај 2018 година еднострано се повлече од договорот потпишан во 2015 година, а потоа започна да воведува санкции на Техеран.
Во изјавата е истакната важноста на иранското исполнување на неговите обврски од договорот и истакната е загриженоста поради заостанатите чекори на Техерен од јули 2019 година. Наведено е дека треба да се одреди долгорочна рамка за иранската нуклеарна програма.
„Нашето определување за безбедноста на нашите сојузници и партнери во регионот не се промени“, се наведува во соопштението и се додава дека неодамншените настани ја покажале дестабилизирачката улога на Техеран во регионот.
Сметаат дека загриженоста во врска со дестабилизирачките регионални активности на Иран треба да се реши на дипломатски начин.