İnci Gündağ
25 Јануари 2017•Ажурирај: 26 Јануари 2017
ЛОНДОН (АА) - Британија ги повика земјите-членки на НАТО да дејствуваат во согласност со договорените цели за издвојување трошоци за одбрана во висина од 2 отсто од БДП, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за надворешни работи на Британија, Борис Џонсон, на својот официјален профил на социјалната мрежа „Твитер“ објави дека остварил средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а во продолжение напиша: „Би сакал да ја потврдам нашата цврста поврзаност со НАТО. Ги повикуваме сите членки на НАТО да се придржуваат до договорените цели на трошоци во висина од 2 отсто (од БДП за одбрана)“.
Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, на вчерашната прес-конференција изјави дека новиот претседател на САД, Доналд Трамп ги споредил вложените пари во НАТО со придобивките на САД и рекол дека резултатите не се доволни. „Трамп смета дека НАТО како институција не дејствува во рамките на целите за кои е основана и не мисли дека е доволно ефикасна“.
За да може ефикасно да се дејствува во однос на постоечките и на идните предизвици, НАТО има за цел неговите членки да издвојуваат 2 отсто од бруто домашниот производ за одбрана.