ЛОНДОН (АА) - Британската Влада подготви фонд од 2,5 милијарди долари за обезбедување на витални медицински средства и за зајакнување на британските бизниси, како и за зголемување на подготовките на граничните пунктови и службеници во случај на Брегзит без договор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Износот на средствата беше објавен од страна на канцеларот на националниот трезор, Саџид Џавид, и има за цел да ѝ покаже на ЕУ дека Велика Британија е повеќе од подготвена да го напушти Блокот без договор. Тоа им дава на тежина на изјавите на премиерот Борис Џонсон за напуштање на Блокот со опцијата без договор.
„Со 92 дена до напуштањето на Европската Унија од страна на Велика Британија, важно е да го интензивираме нашето планирање, со цел да се осигураме дека сме подготвени. Сакаме да постигнеме добар договор што ќе го укине антидемократскиот застој“, изјави Џавид за весникот „Гардијан“ (Guardian).
Тој додаде: „Доколку не можеме да постигнеме добар договор, ќе мора да заминеме без договор. Овие дополнителни 2,1 милијардa фунти ќе бидат гаранција дека сме подготвени да го напуштиме Блокот на 31 октомври - со договор или без договор.“
Плановите на Владата за фондот од 2,5 милијарди долари го зголемија распределувањето на фондот во случај излез без договор на 7,6 милијарди долари, само за оваа година. Од овој фонд, 416 милиони долари ќе бидат искористени за погранични активности, при што ќе бидат вработени 1.000 службеници. Целта на фондот е подобро процесуирање на апликациите за пасоши, обуки за царинскиот персонал и подготвеност за справување со какви било нарушувања во движењето за излез и влез.
Понатаму, 524 милиони долари ќе бидат искористени за складирање на витални лекови и други медицински производи. Овие средства, исто така ќе влезат во трошоците за транспорт и складирање на лекови во магацините, додека 130 милиони долари ќе бидат искористени за да им помогнат на деловните субјекти да се соочат со евентуалните предизвици и тешкотии при Брегзит без договор.
Опозициската Лабуристичка партија овој потег го нарече „привлечно трошење на парите на даночните обврзници“, тврдејќи дека средствата подобро би било да се потрошат во секторот за јавни услуги како Националната здравствена служба, државните училишта и јавниот превоз.
„Оваа Влада можеше да ја исклучи можноста за излез без договор и да ги потроши овие милијарди на нашите училишта, болници и на народот“, рече Џон Мекдонел, министерот во сенка, тврдејќи дека е можно да се избегне Брегзит без договор, бидејќи британските пратеници повеќепати се произнесоа дека тие би ја блокирале опцијата излез од Унијата без договор.
Фунтата продолжува да паѓа по изгледите за Брегзит без договор, паѓајќи на вредноста на доларот од 1,21 долар, најниското ниво од референдумот за излез од ЕУ во 2016 година и падна на 1,08 € во однос на еврото.
Во неделата, откако Џонсон беше назначен за премиер, изгледите за Брегзит без договор значително се зголемија. Џонсон рече дека претпочита напуштање на ЕУ со договор, но сепак, постојано изјавува дека мора да се изготви нов договор за излез од Унијата што не ја вклучува ирската граница, и дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври без никакви исклучоци.
ЕУ во повеќе наврати изјави дека Договорот за излез на Велика Британија од Унијата потпишан од претходникот на Џонсон, нема да биде повторно отворен за преговори и дека прашањето за ирската граница е осигурителна полиса која Брисел не може да ја тргне настрана. Џонсон рече дека Брегзит без договор би бил по вина на ЕУ.
news_share_descriptionsubscription_contact
