Ahmet Gürhan Kartal
04 Октомври 2022•Ажурирај: 05 Октомври 2022
ЛОНДОН (АА) - Британската премиерка Лиз Трас рече дека е голем ционист и поддржувач на Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Трас ова го изјави за време на говорот на приемот организиран од Конзервативните пријатели на Израел (CFI) во Бирмингем.
„Многу сум задоволна што сум овде за прв пат на настан на CFI како ваша премиерка. Како што знаете, јас сум голем ционист, голем поддржувач на Израел и знам дека можеме да ги зајакнеме британско-израелските односи“, рече Трас.
Видеото на кое може да се слушне нејзината изјава е споделено на социјалните мрежи.