Abduljabbar Aburas,Hacer Başer
21 Ноември 2018•Ажурирај: 22 Ноември 2018
АБУ ДАБИ (AA) - Метју Хеџис, Британец на докторски студии во Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), е осуден на доживотна затворска казна поради шпионажа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Медиумите во ОАЕ јавија дека судот во Аби Даби го осудил Хеџис на доживотна затворска казна поради шпионажа против ОАЕ и за изнесување чувствителни разузнавачки и безбедносни информации надвор од границите на земјата.
Хеџис, докторанд на Универзитетот „Дурхам“ во Англија, на 5 мај е приведен во ОАЕ, каде што допатувал за да го истражува влијанието на Арапска пролет. Недолго потоа е уапсен.