Yunus Kaymaz
26 Ноември 2017•Ажурирај: 26 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Денеска во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, ќе се вози 20. и последна трка во рамките на овогодишното светско првенство во Формула 1. Почетокот на трката е закажан за 14 часот по средноевропско време, јавува Anadolu Agency (AA).
Патеката „Јас Марина“ во Абу Даби е со должина од 5.554 метри, а победник ќе биде оној пилот на Формула 1 кој најбругу ќе ги извози 55. круга. На вчерашното натпреварување за полпозиција, најбрз беше возачот на Мерцедес, Малтери Ботас, кој ја освои првата полпозиција.
Ботас на вчерашниот тренинг го извозе најбрзиот круг со време од 1:36.231 минута. Втората полпозиција ја освои Луис Хамилтон кој уште во претходните трки ја обезбеди овогодишната титула во Формула 1, негова четврта по ред. Тој својот најбрз круг го извозе за време од 1:36.403 минута.
Распоредот на првите 6 полпозиции е следен:
1. Валтери Ботас (Mercedes) 1.36.231
2. Луис Хамилтон (Mercedes) 1.36.403
3. Себастијан Фетел (Ferrari) 1.36.777
4. Даниел Рикардо (Red Bull-TAG Heuer) 1.36.959
5. Кими Раиконен (Ferrari) 1.36.985
6. Макс Ферштапен (Red Bull-TAG Heuer) 1.37.328