Hasan Esen
16 Февруари 2022•Ажурирај: 17 Февруари 2022
ЛОНДОН
Британскиот министер за одбрана, Бен Валас, истакна дека и покрај тврдењата дека некои од руските сили се вратиле во своите бази, Русија сѐ уште не ја тргнала ногата од педалата за гас, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Валас, кој е во Брисел, Белгија, за да присуствува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, во изјавата за „Скај њуз“ (Sky News), истакнувајќи дека Русија ќе биде оценета од нејзините постапки, а не од нејзините зборови, рече дека „не гледаат докази за повлекување“.
На новинарски коментар дека извештаите на американските разузнавачки служби сугерираат дека инвазијата ќе започне на 16 февруари, Валас, наведувајќи дека никогаш не дал датум, рече: „Бидејќи во сите разузнавачки информации што ги видов, не се работеше за датумот, туку за постоење на значително количество моќ.“
Истакнувајќи дека Русија „не ја трга ногата од педалата за гас“, Валас рече дека НАТО „ќе работи на намалување на тензиите“, но дека Русија „има моќ да ја уништи Украина доколку преземе акција“.
Тој посочувајќи на фактот дека на границата помеѓу Белорусија и Украина има повеќе од 130.000 руски војници, а на море има десантни, воени и ракетни бродови, очигледно е дека Украина е опкружена со голем број воени единици во состојба на готовност.