Derya Gülnaz Özcan
16 Февруари 2022•Ажурирај: 17 Февруари 2022
АТИНА (АА) ‒ Грчката федерација на вработени во државните болници (POEDIN), на протестот што го одржа во главниот град Атина, побара здравствените работници со определено време да добијат договори за вработување на неопределено време, јавува Агенција Анадолија (АА).
На протестот пред Министерството за здравство на Грција, демонстрантите побараа Владата да потпише договори на неопределено време за околу 8.000 вработени чии договори истекуваат на 31 март.

Дел од демонстрантите ги запалија своите мантили за да го привлечат вниманието на проблемите со кои се соочува овој сектор.
Протестот на здравствените работници кој во текот на денот имаше тричасовна пауза, го поддржаа и демонстранти кои се против тоа здравствените работници да бидат задолжително вакцинирани за заштита од Ковид-19.