Gökhan Kurtaran
15 Декември 2016•Ажурирај: 16 Декември 2016
ЛОНДОН (AA) - Министерството за надворешни работи на Велика Британија во четврток соопшти дека ги повикале амбасадорите на Русија и Иран во врска со последните случувања во сирискиот град Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Британскиот шеф на дипломатија Борис Џонсон на Твитер профилот напиша дека Министерството за надворешни работи на Велика Британија ги повика амбасадорите на Велика Британија ги повика амбасадорите на Русија и Иран во Лондон за да ја пренесат загриженоста во врска со случувањата во Алепо.
„Ги повикав амбасадорите на Русија и Иран во Лондон за да им ја пренесам длабоката загриженост поради Алепо. Многу е важно цивилите да се заштитат и да биде доставена помошта", наведе Џонсон.
Потсетуваме дека припадниците на шиитските милитантни групи, со кои заповеда генералнот од Иран, утрово изведоа напад на конвојот кој е во согласност со неодамнешниот договор вршеше евакуација на ранетите цивили од исток на Алепо и Идлиб. Во таа прилика загинаа четири лица.