İnci Gündağ
26 Февруари 2018•Ажурирај: 27 Февруари 2018
ЛОНДОН (AA) - Бројот на загинати од експлозијата што се случи синоќа во Лестер, Велика Британија, се искачи на пет лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Британската полиција соопшти дека уште едно тело е извлечено од зградата, така што бројот на загинати се зголеми на пет.
Продолжува лекувањето на повредените лица, од кои едно е во потешка состојба.
Противпожарните и полициските екипи започнаа заедничка истрага за да се утврди причината за експлозијата.
Полицијата вчера соопшти дека експлозијата во зградата во центарот на градот се случила во 19 часот по локално време, од непознати причини.
Исто така, беше истакнато дека во оваа фаза од истрагата немаат назнаки дека инцидентот е поврзан со тероризам.