Mehmet Hatipoğlu
24 Ноември 2015•Ажурирај: 25 Ноември 2015
АТИНА (АА) - Пред канцеларијата на Грчката работна федерација во престолнината на Атина дојде до експлозија во која нема мртви, ниту повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Како се наведува испред зградата во центарот на градот неидентификувано лице или лица ја оставиле темпираната бомба која експлодирала. На предните делови на зградата нанесена е штета.
Експлозијата се случи во утринските часови, а нема мртви ниту повредени Уште нема одговорни за нападот. Полицијата го осигурува местото на настанот и во тек е увидот. Се претпоставува дека позади овој напад стојат терористички групи.